Неговата титула принц, не дозволува опуштено појавување во јавноста. Без разлика дали тој ќе оди на свечен прием или ќе излезе на обична прошетка секогаш е проследен со стотици фотографи кои го забележуваат неговиот изглед. Токму поради тој притисок Вилијам мора секогаш да изгледа убаво.
Кога тој е присутен на свечени пригоди тогаш елегантниот изглед е неизбежен, но кога станува збор за некое поопуштено излегување тогаш негов избор се кошулите и џемперите.










