Дали сте толку голем обожавател на чоколадо, што сте посакале и да се избањате во него?
Епа…еве еден многу едноставен начин да ја остварите таа желба! Се вели дека чоколадната бања ја ревитализира сувата кожа со нежна екфолијација и го поттикнува создавањето на нови кожни клетки.
Чоколадната купка ги опушта мускулите, ја хидратизира и зацврстува заморната кожа.
Што ви е потребно?
4 чаши морска сол (околу 400 гр.) и
2 големи супени лажици (со купче) чисто, незасладено какао во прав
Што да направите?
Измешајте ги во голем сад морската сол и какаото. Претурете ја смесата во декоративни шишенца.

Употребете ги и уживајте!
