Како доказ на ова се така наречените „пивски бањи” кои ги има во се поголем број во земјите како сто се Германија и Чешка.Ова дефинитивно ви звучи како доста необичен начин за убавина. Секако доколку сте голем љубител на пивото а не сте во можност да ја посетите Чешка тогаш ова е одличен начин да пробате дома.
Миењето на косата со пиво
Честото миење на косата со пиво еднаш во неделата го забрзува растот на косата и ја прави васата коса премногу мека и сјајна. Секако користењето на пивото како шампон е и одлична можност за остранување на остатоците од вода и сапун кои со текот на времето се таложат на вашите дланки.
Припрема : Измешајте 30 милилитри вода,30 милилитри пиво ,две лажици оцет и неколку капки од вашето омилено есенцијално масло ( да што помалку мирисате на пиво ) . Истријте ја косата и исплакнете . И секако проверете ја температѕрата на пивото дали ви одговара на вашата глава .
Маска од пиво : Повеќе истражувања покажуваат дека квасецот кој е главна состојка на пивото ја спречува појавата на акни. Тој помага во уништувањето на бактериите од кои произлегуваат акните. Секако ова е одличен начин да се ослободите од вашите митесери и мозолчиња после некое време. А кој тоа не го посакува?
Припрема: Измешајте една лажица пиво,лажица јогурт , маслиново масло и белка од јајце. Намокрете го лицето,нанесете ја маската и по 15 минути исплакнете .
Капење во пиво:
Во стариот Египет жените би седеле во када полна со пиво за да освежат кожата и истовремено ја спречат од разни кожни болести . Пивото ја зајакнува и ја влажни кожата затоа следното капење нека ви биде како египјанките – додадете една чаша од фамозниот напиток во водата за одлично мека кожа и уживајте.
