Каролин Кастилијано, една од најпознатите дизајнерки на венчаници во Британија, ја претстави својата најнова пролетна колекција насловена како Оскар.
Венчаниците од оваа колекција се едноставни, но навистина елегантни и романтични. Изработени се од најквалитетни материјали, како свила и сатен.
Фустаните се наменети за невести со префинет стил, кои сакаат венчаница која ќе ја истакне нивната силуета и нивната женственост и грациозност.






