Познатата актерка Drew Barrymore наскоро ќе прејде во јудаизам поради својот вереник Will Kopelman со кој заедно чекаат принова.
Drew би сакала да ја смени верата до нивната венчавка.
– Таа моментално зема часови за да се подготви за промената која ја очекува. Drew го прави сето ова за Will и за неговото семејство, – изјавил близок извор на актерката.
Инаку, парот планира да се венча во блиска иднина и тоа на интимна церемонија по сите еврејски обичаи.
Да потсетиме само дека Drew досега била во брак два пати, од кои првиот траел два, а вториот дури пет месеци. Да видиме што ќе се случи со овој, дали третата среќа ќе запали кај Barrymore?
