Доколку Ви снема идеи за неделен ручек …Ова едноставно, а вкусно јадење е готово за 30 минути. Задоволството ќе биде преточено во насмевки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 4 личности.
4 пилешки стека
Поголема марула
100 грама кашкавал
6 лажички маслиново масло
Гранчиња свежа мајчина душичка ( може и сушена)
1 децилитар бело вино
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разлистајте ја марулата и убаво измијте ја, одвоите неколку поголеми листови за декорација подоцна. Остатокот од марулата бланширајте ја 2 минути во зовриена солена вода.
Кашкавалот исечете го на коцки.
Со остар нож зесечете ги врвовите на пилешките стекови и внимателно направете поголеми џепови.
Стековите посолете ги.
Џеповите на стековите наполнете ги со мешавината од кашкавал и сечкана марула и затворете со чепкалки за заби.
Во веќе загреана тава на среден оган ставете ги стековите и пржете по 3 – 5 минути на двете страни да поруменат, а потоа најлејте со вино, почекајте виното да испари, смалете ја температурата и пржете уште 5 минути. Зачинете со мајчина душичка и служете ги стековите со прилог од зеленчук или компир.
Уживајте!!!
