Пред Вас е уште еден супер лесен начин да спремите пилешко месо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 грама пченично брашно
½ литар млеко
2 жолчки
300 грама варено пилешко месо
100 грама варени моркови
Зачин, сол и бибер
За поховање:
Брашно, јајца и презла
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Од пченкарното брашно и млекото сварете цврст качамак. Оставете да се олади качамакот и во него додадете ги жолчките, сечканото пилешко месо и испасираните моркови.
Посолете и зачинета ја смесата по вкус.
Од добиената смеса направете крокети, увалкајте ги во брашно, па во разматено јајце и презла и пржете на веќе загреана тава на средна температура.
Пржете додека крокетите не добијат златно-кафеава боја.
Вкусот ќе Ве изненади!!!
Пријатен ручек…
Уживајте!!!
