Господинот Barton G. Weiss, познатиот реставратор од Мајами, ја претвори луксузната вила во која Џани Версаче помина долги години, во гламурозен хотел. Хотелот има само 10 соби, а се вика „ The Villa by Barton G“. Изгледот асоцира на римска палата.
Ентериерот на вилата го украсуваат фонтани, фрески, многубројни мозаици, базен, мермерни кипови, а терасите се со поглед кон океанот. Спалната соба на Версаче, во денешни услови е најскапиот апартман во хотелот. Во неа се наоѓа божествен брачен кревет, излегува на 2 тераси и има дури 9 ормари. Доколку сакате да поминете ноќ во собата на модната легенда, потребно е да издвоите 2.100 американски долари и тоа, надвор од сезоната…
Џани Версаче во оваа вила живееше и работеше, а токму пред неа трагично го загуби животот, кога беше убиен, во 1997 година.














