Кога ви се јаде нешто благо, а не ви се чека…
Потребни состојки за бомбиците:
– 20 гр мелени бисквити
– 20 гр шеќер во прав
– 20 гр мелени бадеми
– мед
– половина чоколада за готвење – изрендана
– 1 кесичка ванила
За преливот:
– изрендана чоколада – за да ги извалкате бомбиците
– путер
– млеко
– лешници
– чоколада
Подготовка:
Измешајте ги состојките за бомбици и ако има потреба, ако смесата е премногу мека додадете уште мелени бисквити. Обликувајте мали топчиња, а во секое од нив ставете по еден цел лешник. Растопете ја чоколадата бела или црна, по ваша желба со две лажици млеко и 2 лажици путер. Бомбиците потопете ги во растопеното чоколадо, а потоа извалкајте ги или посипете ги со изрендана чоколада.
