Вкусно и здраво…
Потребни состојки за палачинките:
– 80 гр брашно
– 2 јајца
– 1,5 дл млеко
– зејтин и сол
За филот:
– 4 филети лосос или околу 450 гр
– спанаќ
– сол и бибер
За преливот:
– 1 дл неутрална павлака и 2 лажички рен од тегла
Подготовка:
Направете ја смесата за палачинки и оставете ја да отстои еден час, а потоа спремете ги палачинките. Пенесто изматете ја неутралната павлака, додајте го ренот измешајте и ставете ја смесата во фрижидер. Обарете го спанаќот. На секоја палачинка ставете спанаќ и одозгора парче лосос. Ролувајте ја палачинката, така што и краевите ќе ги завиткате за да не истече филот.
Наредете ги палачинките на тава за печење во која претходно ставивте хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со малку растопен путер и печете во загреана рерна 10 минути на 200 степени. Сервирајте со пената од пвлака и рен.
