Козметичките компании при производството на препаратите за убавина користат и одредена доза на хемикалии, кои секако оставаат трага на кожата. Затоа обидете се да си направите самите дома, кои ќе бидат 100% природни.
Маска од јаболки
– една јаболка
– две лажици мед
– половина лажичка жалфија
Подготовка:
Изблендирајте ја јаболката. Во неа додајте го медот и жалфијата и оставете ја сместа во фрижидер да стои 10 минути. По ова смесата ќе биде уште полеплива. Нанесете ја на лицето и оставете ја половина час. Потоа измијте се со ладна вода.
Маска од грозје
– една шолја бело грозје
– една лажица мед
– една жолчка
Оваа маска е богата со антиоксиданси, одлично ја чисти кожата, а воедно ја храни со потребните минерали и витамини. Грозјето е познато и како голем борец против стареењето.
Маска од лимон
– 4 лажици брашно
– 4 лажици јогурт
– една лажица сок од лимон
Измешајте ги состојките и нанесте ја маската на лицето. Оставете нека делува 15 минути, а потоа измијте се со млака вода. Ќе забележите дека кожата е значително помека.
