Ова е вкусен десерт кој е многу лесен за подготовка…
Потребни состојки:
– 25 гр зашеќерени вишни
– 60 гр путер
– 50 гр шеќер
– 2 лажици слатка павлака
– 25 гр суво грозје
– 25 гр мелена и зашеќерена кора од портокал
– 50 гр мелени бадеми
– 2 лажици брашно
– 150 гр искршена на мали парчиња
– малку цимет
– ванила
Подготовка:
Намрсете го плехот за печење. Во мала тава растопете го путерот, а потоа додајте го шеќерот и мешајте додека не почне да врие. Тргнете од оган и додајте ја павлакта и сувото овошје, бадемите, брашното и вишните и останатите состојки.
Со лажица ставете од тестото на плехот за печење но оставете простор помеѓу смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 8 минути или додека не се рашири.
Растопете ја чоколадата и со неа премачкајте ги чоколадните кекси.
