Учесниците на Олимписките игри во Лондон ќе бидат сместени во Олимпиското село, во источниот дел на градот, кој располага со 2818 станови. Становите до скоро не беа познати за јавноста, а секој од нив е потполно опремен, вклучувајќи ги посебните кревети, кои би биле удобни и за највисоките кошаркари.
Исправноста и удобноста на становите се тестирани од успешни британски спортисти. Олимпиското село, ќе биде домаќин на околу 17.000 учесници на Олимпијадата и 6000 учесници на Параолимписките игри. Освен неопходниот мебел, становите содржат и декоративни елементи – прекривачи за кревет, изработени со знакот на Олимписките игри, а на нив се испишани зборовите: „ храброст, одлучност, инспирација, пријателство, почитување“ “.
Во селото се наоѓаат повеќе од 16.000 кревети, 9.000 ормари и 11.000 каучи. Патеките се патеки, базенот – базен, како и да е најголем дел од времето спортистите ќе го поминуваат токму овде, а токму смештајот може да биде клучен за нивниот впечаток на Олимпијадата. Ништо не е оставено на случајност, сите детали се грижливо изработени. Становите не содржат кујни, и всушност самата замисла не е ова место да биде хотел со пет ѕвезди. На спортистите ќе им биде обезбеден превоз а во близина на селото се наоѓаат и банка, фризерски салон и неколку продавници. Свеченото отварање на Олимписките игри е закажано за 27 Јули, а како ќе изгледа местото во кое ќе престојуваат најголемите спортски ѕвезди, Ви прикажуваме во следнава компјутерска анимација…
httpv://www.youtube.com/watch?v=7bNKXub-qUQ&
