Музичарот Alice Cooper минатиот викенд добил почесен докторат од Музичкиот институт во Лос Анџелес. За време на промоцијата, Cooper одржал интересен говор пред насобраните студенти, а наградата ја добил поради својот придонес кон музичката култура. Ова му е веќе втор докторат и Alice на шега изјавил:
– Ако добијам уште едно вакво парче хартија, ќе почнам да издавам рецепти.
На студентите им порачал дека медиокритетот е нивен најголем непријател и дека ако се плашат од работата што тој ја работи, воопшто да не тргнуваат на тој пат. Кога веќе еднаш ќе тргнат да одат до крај.
– Ако успеете ќе станете гениј, ако не, тогаш сте идиоти. Но, секогаш можете да почнете од почеток.
По промоцијата, музичарот веднаш си ставил слика и на Твитер.
