Подгответе вкусен појадок за две минути и помогнете си да ослабете на здрав начин. Ова се млечни пијалоци кои ќе ви дадат енергија и добар вкус.
Фрапе од кафе
Ставете во блендер 240 мл немасно млеко, 1 лажица кафе, една лажица ванила, половина банана и 4-6 коцки лед.
Фрапе од малини
Ставете во блендер 240 мл немасно млеко, смрзнати или свежи малини, 2 лажици ванила, малку лед и измиксирајте. Ако користите срзнато овошје не ви треба лед.

Екстра овошно фрапе
Ставете во блендер 180-240 мл сок од портокал, лажичка ванила, малини, јагоди, киви и измиксирајте.
Фрапе од банана
240 мл немасно млеко, 1 банана, ванила, неколку коцки лед.
Овие пијалоци се здрави и корисни. Со една чаша на почеток на денот ќе си овозможите енергија за цел ден.
