Постите се веќе почнати, па не е на одмет да приготвите нешто ново, поинакво.
Потребни состојки:
– 1 шолја пченкарно брашно
– 1 шолја пиво
– 1 шолја мед
– ½ шолја остро пченично брашно
– ½ шолја меко пченично брашно
– ½ шолја масло
– 2 лажички цимет
– 2 лажички сода
– сок од половина портокал
– 2/3 шолја сецкани ореви или лешници
Подготовка:
Во длабок сад ставете ги сите видови на брашно, содата, оревите, циметот и се убаво промешајте. Потоа постепено додавајте го пивото, медот и маслото. Добиената смеса ставете ја во плех за печење со модлици, но во секоја од нив ставете и по една хартиена корпа. Печете 20 минути на 200 степени.
