Покрај Justin Bieber и раперката Niki Minaj се најде на априлската насловна страница на списанието „Complex“ по повод 10-годишнината од неговото постоење. За разлика од тинејџерската ѕвезда, нејзиното лице останало недопрено.
По неколку интересни фотки, облечена во стил на зебра, односно носејќи облека на риги, Niki се отворила и во врска со својот приватен живот.
– Мразам камери и апарати. Апаратите се мојот најголем непријател и пријател истовремено. Преку нив им ги пренесувам моите емоции на обожавателите без да кажам збор.
– Јас никогаш не вежбам како ќе изгледам во едно видео. Имам посебна поврзаност со камерата која јас ја нарекувам љубов-омраза. Јас сум перфекционист по природа и секогаш давам сѐ од себе кога работам на нешто. Никогаш не сум мрзелива, – биле нејзините зборови во интервјуто.





