ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 парчиња пилешки гради
1 китка магдонос
150 грама крем сир
4 парчиња шунка
1 лажица брашно
1 јајце
6 лажици презла
3 лажици масло за јадење
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го магдоносот и измешајте го со крем сирот, посолете и ставете бибер.
Со остар нож исечете ги пилешките гради на половина ( не ги сечете до крај), расклопете ги и истолчете ги со толчник. На секое парче месо ставете по еден круг шунка и предходно подготвениот крем сир со магдонос, преклопете го месото и прицврстете ги краевите со чепкалки за заби.
Месото извалкајте го брашно и во разматеното јајце и на крајот во презла. Пржете на веќе загреана тава на среден оган 5 минути секоја страна
Совет
Cordon blue е најдобро да се сервира со обарен компир и свежа салата.
Уживајте!!!
