За време на изминатиот викенд Kate Moss била на роденденската забава на Sir Phillip Green во Мексико, а на истата забава пеел Enrique Iglesias. Додека тој ја пеел познатата „Hero“ одлучил да ја искаже својата наклонетост кон манекенката, а таа кратко му возвратила:
– Дај мавни се од мене!
Enrique не се предал ни по овој коментар и додал:
– Kate Moss, кога бев дете бев многу заљубен во тебе. Си имав и твој постер на ѕидот.
Манекенката не го сметала овој чекор за шармантен, па почнала да го гаѓа пејачот со грицки и се обидела да го полие со вода.
– Не можеше да сфати колку е кутриот смешен, а Kate не можеше да престане да му се смее. Луѓето околу неа вчудоневидено ја гледаа и не можеа да си поверуваат дека по пејачот гаѓа со сѐ што ќе ѝ дојде до рака, – изјавил еден од присутните гости.
