Едноставен начин на подготовка + незаменливо вкус = торта која се памети!!!
ПОТРРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 килограм јагоди
600 милилитри јогурт
4 јајца
80 грама шеќер
4 големи лажици млеко
70 грама брашно
1 прашок за печиво
30 грама желатин
12 лажици вода
500 милилитри слатка павлака
250 грама шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер додека не добиете густа смеса. Додадете го млекото и брашното претходно помешано со прашокот за печиво. Смесата убаво измешајте ја и излијте ја во калап обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени Целзиусови 30 минути.
За тоа време јогуртот загрејте го ( не до степен на вриење) и во него ставете го желатинот, убаво измешајте.
Еден дел од јагодите ставете ги врз претходно печениот и оладен пандишпан, остатокот јагоди ситно исечкајте го и измешајте ги со јогуртот и желатинот.
Слатката павлака измиксирајте ја додека не добиете цврст шлаг и потоа ставете го шеќерот во прав.
Јогуртот со јагоди измешајте го шлагот и прелијте го пандишпанот.
Уживајте!!!
