Здраво тело

Што треба да знаете за калориите ?

Секоја физичка активност троши енергија. Калориите се единица мерка за енергијата која организмот ја добива од намирниците. Од 1.800 до 2.000 калории ги задоволуваат дневните потреби кај возрасна жена која се движи нормално и која не треба да слабее.Грам белковини и грам јаглехидрати имаат по 4 калории. Разликата е во тоа што јаглехидратите се моментален извор на енергија а белките служат за создавање ткиво. Напитоците содржат калории ( 400 на литар ), а не донесуваат никакви хранливи материи. Освен тоа, енергетските пијалоци доведуваат до зголемен крвен притисок, што претставува голема опасност.

Водата сочинува 65% од телото на човекот. Таа ги пренесува материите потребни на клетките и му овозможува на телото со помош на урина да ги отфрли непотребните материи.

Сите оброци земајте ги редовно. Не прескокнувајте оброци бидејќи така го успорувате метаболизмот, а не слабеете. Оние што ги прескокнуваат оброците внесуваат три пати повеќе калории. Важно е да јадете споро.

После јадење, напијте се шолја кафе наместо алкохол. Кафето ги разменува и разградува мастите, додека алкохолот го блокира разградувањето на мастите.

Консумирајте зеленчук ! Богат е со витамини, минерали, соли и вода. Јадете го во големи количества, без да внимавате за линијата.

Write A Comment