Здраво тело

6 добри пороци … кои не штетат на здравјето !

Имате порок ? Секако дека не мислиме на наркотиците и коцката, туку на некои ситни задоволства кои мислите дека Ви штетат…А напротив, добри се за Вашето здравје…

Чоколада – Докажано е дека е корисна како овошјето и зеленчукот, а последните истражувања покажуваат дека помага и во симнување килограми. Оние кои ја консумираат неколку пати неделно, се послаби. Сепак, не претерувајте !

Црвено вино – Чаша црвено вино е добра за Вас. Пред се, за болестите на срцето, а може да спречи деменција и дијабетес. Особено се препорачува кај жените.

Масти – Сите бегаат од мастите како ѓавол од крст. Но всушност, мастите се важни за Вашето здравје. Пробајте да ги внесувате здравите Омега 3, кои се наоѓаат во рибата и маслиновото масло.

Сол – Без солта нема нормално функционирање на организмот. Сепак внимавајте, особено доколку имате висок крвен притисок.

Кофеин – Кофеинот е добар за Вашиот мозок. Ја намалува шансата за деменција, но и ризикот од добивање рак. Исто така, го забрзува метаболизмот, што е добро за Вашата линија.

Леб – Многу луѓе мислат дека лебот е лош за здравјето. Меѓутоа во него се наоѓаат состојки без кои телото не може нормално да работи. Црниот леб, секако е подобар, но и белиот во умерени количини е добар за Вас.

Write A Comment