Научниците од Медицинскиот Факултет на Мајами дојде до неверојатни резултати за врската помеѓу консумацијата на диеталните сокови, срцето и мозокот…
Имено, во текот на деветгодишното истражување на над 2500 испитаници, востановено е дека оние кои секојдневно пиеле диетални сокови се со 48 проценти поголем ризик за добивање срцев или мозочен удар.
До крајот на испитувањето 212 личности доживеале мозочен удар, 149 срцев удар, а 338 починале поради васкуларни болести.
Недостатокот на оваа студија е тоа што при целокупното нејзино траење испитаниците само еднаш биле запрашани дали консумираат диетални пијалаци. Тие можеле таа навика да ја променат во текот на тие 9 години. Исто така не биле запрашани за точно кој пијалак станува збор, бидејќи постои голема разлика помеѓу марките на пијалаци, бојата, засладувачот, кои секако влијаат на конечните резултати.
