Здраво тело

Намирници кои го штитат организмот од грип

Исхраната може да биде голема превентива кога се во прашање настинката и грипот. За да го набилдате имунитетот треба да внимавате на исхраната, а ова се намирниците кои треба да ги имате на менито:

Јогурт

Јогуртот содржи пробиотици кои ги штитат цревата и го спречуваат размножувањето на бактериите. Јогуртот е идеален за смирување на стомачните тегоби и изнемоштеноста.

Компир

Слаткиот компир ја зголемува отпорноста на кожата. Кожата е имунолошки систем кој се бори со бактериите, вирусите. Таа е првата бариера против надворешниот свет, поточно бактериите до него. Цлаткиот компир ги има витамините кои и се потребни на кожата.

Чај

Чајот е антибактериска и антигрипна намирница. Користете го чајот секојдневно. Така најлесно ќе му дадете сила на организмот да се соочи со бактериите кои го напаѓаат.

Говедско

Говедското месо е богат извор на цинк. А добро познато ни е на сите нас дека цинкот е неопходен за силен имунитет. Дури и најмал недостаток на цинк може да предизвика болест.

Печурки

Научниците открија дека состојките на печурките се задолжени за производство на белите крвни зрнца.

Лук

Британските научници тврдат дека со секојдневно консумирање на лукот шансите да заболите од грип се за 33% помали.

 

Write A Comment