Здраво тело

Три супер здрави зачини

Освен тоа што ќе го подобрат вкусот на храната тие ќе го подобрат и вашето здравје. Ова се трите зачини кои треба да ги имате секојдневно како составен дел од исхраната:

Цимет

Циметот му помага на хормонот инсулин, кој го смалува нивото на шеќер во крвта. Па така не само што е моќно оружје против кардиоваскуларните проблеми, туку и го контролира дијабетесот. Доволна е четвртина лажица дневно за да го почувствувате ефектот. Посипете го во кафето, десертот…

Рузмарин

Модерната наука откри дека рузмаринот содржи состојки кои го штитат мозокот од слободните радикали, а со тоа ја намалува можноста за мозочен удар. Меѓутоа, овој зачин мора да го користите умерено бидејќи може да смета на апсорбцијата на железо во организмот. Особено се препорачува трудниците да бидат внимателни со овој зачин, каде што и најдобро е да не го внесуваат.Една лажица ризмарин два пати неделно е доволна количина.

Босилок

Тој има силни антибактериски и антивирусни особини, па дури и за крајно неподносливата ешерихија коли. Одличен извор е на бета каротен, магнезиум, железо и калциум. Една лажица три пати неделно е доволна количина да го почувствувате ефектот. Може да го користете како зачин во многу јадења, или пак пробајте чај од босилок.

Write A Comment