ШоуБиз

Jennifer Aniston сака да биде дерматолог!

Холивудската актерка Jennifer Aniston признава дека е опседната со својата кожа и кога не би била актерка, таа дефинитивно би работела како дерматолог.

–          Би сакала да бидам дерматолог, опседната сум со таа идеја. Многу време трошам читајќи информации и книги поврзани со кожата, – изјавила Aniston за таблоидот „Sun“.

Актерката наведува и дека воопшто не се чувствува како да има 43 години, туку има чувство дека е многу помлада од тоа.

–          Во својата кожа се чувствувам секси, особено во фармерки, а мојот дечко едноставно го обожава тоа, – ја завршила својата изјава.

Write A Comment