Зелениот чај може да го прикрие покаченото ниво на тестостерон во организмот и на тој начин да имм помогне на дпоингуваните спортисти да останат неоткриени, покажало едно истражување кое го спровела Светската анти допинг агенција (WADA).
Со оглед на тоа дека експериментите се направени во лабаротористи садови, научниците се уште не се сигурни дека ефектот на зелениот чај може да го прикрие тестостеронот во човековото тело. Но, сепак резултатите кои ги добиле се многу интригантни.
„Интересно е дека обичен чај може да има значајно влијание на профилот на стеориди. Можеби ќе треба да ги прилагодиме нашите тестови за да ги отфрлиме можните манипулации со храна и пијалоци“, изјавил Оливиер Рабин научниот директор на WADA.
