Состојки:
Една голема главица карфиол
Две јајца
Две шолји презла
Малку исечкан кромид
Малку магдонос
Сол.
Бибер
Вегета
Масло за готвење
Подготовка:
Измијте го карфиолот и ставете го да се обари во солена вода. Потоа се цеди и се пасира. Во тоа се ставаат јајцата, презлата, исечканиот кромид и магдоносот кој е ситно исецкан. Се става малку сол, бибер и вегета.
Целата смеса добро се меша. Измастете ги рацете и правете мали топчиња односно крокети. Се пржат во загреано масло.
На крај можете да ги послужите со сос по желба.
Уживајте!
