Повеќето од луѓето го проколнуваат денот кога почнале со една од најодвратните животни навики – пушењето. Од петни жили, од време на време се обидуваат да ги откажат цигари, но многу често тој труд неславно завршува, особено ако сте жена.
Имено, научниците од „University of Cambridge“ тврдат дека жените потешко се откажуваат од цигарите во однос на мажите, затоа што нивниот мозок реагира различно на никотинот. Сите се согласни дека, кога некој пуши цигари, бројот на никотинските рецептори во мозокот (главните кривци за настанување на зависноста од цигари) расте. Верувале или не ова тврдење важи само за мажите, а е апсолутно невистинита за жените, бидејќи е откриено дека жените природно имаат сличен број на нервен никотински рецептори како и непушачите, односно нивниот број не расте туку останува ист.
Иако истражувачите не можат со сигурност да ги објаснат откриените разлики помеѓу половите и зависноста од пушење, сепак со сигурност од 80 проценти, тврдат дека женскиот полов хормон progesteron влијае врз рецепторите за никотин, односно колку повеќе progesteron во телото толку е помал бројот на никотински рецептори во мозокот.
Ова откритие е важно поради фактот кој вели дека главното оружје против пушењето никотинксите супститути ( гумите за џвакање и никотинските фластери) не делуваат на жените кои пушат цигари. Според тоа научниците препорачуваат жените пушачи да се одвикнуваат од пушењето со помош на алтернативни методи како што се бихевиорланите терапии, спортување или техники на смирување.
