Благодарение на развојот на медицината, сега во светот има најмногу луѓе кои ја поминале 100 ката од кога и да било во историјата… Но медицината не е толку моќна да биде само таа причината за доживување на стотата. Усвојувањето на здравите навики кои ќе Ве придружуваат на секој чекор се најважниот чекор кон долговечноста.
Јадете Медитеранска храна
Медитеранската кујна е најдобриот избор за сите оние кои сакаат да бидат здрави и долговечни. Оваа теорија за Медитеранската кујна најдобро се докажува со фактот дека жителите на Италија, Франција и Шпанија се помеѓу најдолговечните во светот. Имено Медитеранската храна значи консумирање на оброци богати со маслиново масло, риба и многу овошје и зеленчук.
Бидете заинтересирани за се околу Вас
Иако Ви се чини дека вестите и новостите Ви нудат само стрес, истражувањата покажаа дека луѓето кои се упатени во моментални светски случувања и кои се заинтересирани за различните општествени области живеат подолго. Доколку се исклучи она што Ве опкружува и чиј составен дел сте Вие и вашиот организам ќе посака да се исклучи.
Ширете го своето семејство
Истражувањата докажаа дека, за жените многубројноста на членовите на семејството се уште еден знак дека ќе доживеат длабока и здрава старост. Тоа важи и за мажите, што порано станат татковци толку подолго ќе живеат.
Внесувајте многу течности
Пробајте да внесувате течности во поголеми количини од што Ви бара организмот. Пијте чаеви, природно цедени сокови, вино и кафе ( во ограничени количини ) и само на тој начин ќе му помогнете на Вашиот организам да се бори против срцевите заболувања, дијабетесот, болестите на бубрезите, Паркисоновата болест и Склерозата во поодминати години.
Чувајте ги своите зглобови
На тој начин што ќе внимавате на својата телесна тежина прекумерната тежина го оштетува зглобовите… 5 килограми над Вашите идеални ја зголемува оптеретувањето на зглобовите за неверојатни 38 проценти.
Одржувајте здрав емотивен живот
Самците живеат пократко од оние кои имаат партнер и семејство.
На постари години после 60 година престојувајте повеќе време во селски населби. Таму истовремено ќе бидете поактивни а вашиот организам ќе го земе својот дел од природата, а Вие ќе ја доживеете и надживеете толку посакуваната стотка !!!
