Вашиот дом, верувале или не, може да биде потенцијална закана за вашата витка става. Имено, начинот на уредување, декорациите, изборот на садовите може да влијаат на вашиот апетит, а со самото тоа и на конфекцискиот број. Еве неколку совети за уредување на домот кое ќе допринесе да бидете повитки:
• Црвената и жолтата боја го отвораат апетитот, а сината го намалува.
• Големите чинии се погодни за зголемување на килограмите – истражувањата велат дека околу 20 проценти повеќе се јаде храна доколку се користат големи садови. Кога станува збор за големи и широки чаши, од нив обично се пие повеќе отколку од тесните и високи чаши.
• Храната нека не биде на видливо место, односно нека биде сместена на полиците од фрижидерот или на други места наменети за чување на храна. Доколку таа не ви е во видното поле, помалку ќе посегнувате по неа. Истото важи и за пијалакот.
• Ароматичните масла може да влијаат на намалување на апетитот кај лицата кои престојуваат во просторијата. Мирисот на јаболката го уништува апетитот, а мирисот на јасминот разбудува и поттикнува на активност.
• Темните простории повеќе ве поттикнуваат да јадете. Затоа, просториите со густи и тешки завеси се карактеризираат како “простории од висок ризик”. Доколку нема доволно природно осветлување, поставете расветни тела кои ќе ја направат просторијата светла.
