Здраво тело

8 огромни причини да јадете јајца

Велигденските празници се пред нас, тоа значи полна трпеза, многу храна, многу убави семејни моменти …Но не треба да се претерува со храната, туку умерено консумирајте се што ќе Ви се послужи. Јајцата се вистинскиот благодат на Велигденските празници, но и со нив треба да се внимава!!!

Но доколку се консумираат во умерени количини варените јајца може да имаат огромен позитивен ефект врз Вашето здравје.

1. Ги штитат очите.

Едно варено јајце на ден ја намалува можноста за појава на дегенерација на очниот мускул. Вареното јајце содржи голема количина на антиосидантот lutein и zeaxanthin кои се во таква форма што организмот веднаш ги апсорбира. Имено истите антиоксиданти ги има и во брокулата и морковот но разликата е во тоа што хемиската реакција при варење на јајцето ги прави побрзо да се апсорбираат во организмот.

2. Едно варено јајце содржи 6 грама високо квалитетни протеини и сите 9 есенцијални аминокиселини.

3. Според неодамнешните истражувања на Harvard School of Public Heаlth, не е пронајдена поврзаност помеѓу консумацијата на јајца и кардиоваскуларните болести. И не само тоа истражувањето тврди дека 1 јајце на ден е доволно за 20 процентно намалување на можноста за создавање на тромб а со тоа и можност за мозочен или срцев удар.

4. Една жолчка содржи 300 милиграма колин, протеин кој ја зголемува отпорноста на нервните и мозочните станици. Исто така поради истиот протеин се намалува ризикот за појава на рак на дојка за неверојатни 24 проценти.

5. Жолчката на едно јајце содржи 5 грама маснотии од кои само 1,5 грама се сметаат за штетни. За споредба во 100 грама месо има 30 грама штетни маснотии.

6. Покрај нашироко прифатеното мислење дека јајцата се причина за зголемување на лошиот холестерол, умерената консумација од 1 до 2 јајца на ден не влијае врз липидниот профил а со тоа и не го зголемува нивото на лошиот холестерол. Морате да знаете дека незаситените маснотии во јајцето не создаваат холестерол туку зачините со кои се комбинира јајцето. Затоа внимавајте мајонез и јајце е навистина холестерол бомба за организмот.

7. Јајцата се најдобриот извор на витамин Д нужен за апсорпција на фосфорот, елемент од кој гарантира здрави коски и заби.

8. Јајцето поради големото количество на минерали и протеини кои се во неверојатно добри проценти е единствената прехранбена намирница која стопроцентно позитивно делува врз густината и брзината на растење на косата.

И не заборавајте поздраво е да јадете варени јајца отколку пржени. Бидејќи пржените јајца се вистинска напаст за крвните садови !!!

Write A Comment