Здраво тело

Со какао против лошиот холестерол

Американските научници објавија дека со конзумирање на производи кои содржат какао, вклучувајќи го и црното чоколадо, можат да го снижат нивото на лошиот холестерол ( LDL ) како и вкупниот холестерол.

Какаото е богато со флаваноли, природни хемиски соединенија, за кои постојат докази кои покажуваат дека тие соединенија позитивно делуваат на насобраните  маснотии ( липиди ) во крвта: триглицеридите, LDL холестеролот како и HDL холестеролот односно ( добриот холестерол).

Стручњаците укажуваат дека со одржувањето на нормалните вредности на липидите во крвта се спречува развојот на кардиоваскуларните болести , пренесува порталот „ Витамини “.

Позитивното влијание на црното чоколадо како и другите производи кои содржат какао врз вредностите на холестерол во крвта е позначајно кај  луѓе со поголем ризик од  појава  на кардиоваскуларни болести.

Меѓутоа, лекарите велат дека сепак се потребни додатни истражувања се со цел да се утврди оптималната  дневна доза на флаванол која  би била користена секојдневно.

Write A Comment