Дури и ништо да не смените во начинот на исхрана и навиките кои се однесуваат на физичката активност, промените во метаболизмот може и тоа како да ви ја зголеми телесната тежина. Можеби тоа е и одговорот на вечното прашање, зошто луѓето со стареењето се здебелуваат, а истовремено и квалитетот на нивниот сон опаѓа. Исто така ова може да даде одговор зошто работниците во ноќните смени кои преку денот се обидуваат да го надополнат сонот, истовремено водат жестока борба со вишокот на килограми.
Научници од Бостон ги споредија ефектите на спиењето врз 21 доброволец во текот на шест месеци. Истражувањето започнало со тоа што на испитаниците на почетокот им се оставаче по десет часа сон дневно, за после некое време тоа да биде намалено на пет и пол часа во текот на еден ден.
Резултатите биле следни… Редукцијата на сон довела до пад на активноста на метаболизмот за просечни 12%. Научниците пресметале дека кога испитаниците спиеле помалку од пет часа во денот, дневното трошење на калории се смалувала за 120 калории на ден. Кога ова би се пресметало за една година, тоа се 12 килограми вишок телесна тежина.
