Сега и официјално!!! Доколку имате проблем кој не можете да го решите или со часови се мачите да се сетите на нешто … не очајувајте !!! испијте една чаша пиво, вино, ракија, коњак …. и решението ќе се наметне само од себе, а проблемот ќе се реши!!!
Новото истражување на Универзитетот Илиноис тврди дека алкохолот овозможува решавање на проблеми… Професорката Dženifer Vajli тврди дека алкохолот го зголемува капацитетот на паметење и способноста за решавање на проблеми.
Истражувањето се состоело во испитување на 2000 луѓе кои биле поделени во 2 групи и тоа на пијани и трезни и им биле зададени исти задачи и проблеми за решавање.
Личностите кои биле под 0,07 промили алкохол во крвта биле подобри во решавањето на задачите, но многу потешко им одело решавањето на задачите кои барале повеќе концентрација и внимателност. За разлика од трезните оние кои имале над 0,5 промили алкохол во крвта задачите и проблемите ги решавале за неверојатни 40 проценти повеќе и 60 проценти побрзо од трезните.
„Дојдовме до заклучок дека не е точно тврдењето кое вели дека при решавањето на проблемите и задачите треба да сме потполно трезни и фокусирани но тоа не е така. Кога сме пијани послабо се фокусираме на една работа, и затоа сме пофлексибилни и покреативни во решавањето на проблемите и задачите“ – завршува професорката Vajli .
