Овие десет работи се дел од секојдневието на Кејт Мос. Можеби ќе може и вие нешто од ова да практикувате.
- Црвен кармин. Можеби не преку ден, но Кејт навечер не излегува без црвен кармин.
- Кармин со нежни нијанси. Преку ден Кејт не излегува без кармин со боја приближно блиска на устата. Навечер користи и кармин во потемна боја.
- Моливче за очи наместо туш. Кејт смета дека природен изглед се добива со моливчето за очи. Со него е полесно да се поправат грешките, а е одличен за добивање на ефектот smokey eyes.
- Само природно. Стилистките користат и моливче за уста, но таа никогаш не го практикува. Вели дека со кармин се добива поприроден изглед.
- Руменило. За да изгледате поубаво, најпрво нанесете ја пудрата, а потоа руменилото.
- Без сјај ве молам! Кејт вели апсолутно “не” на сјајот за усни.
- Виткање на трепките! За густи трепки пред се треба да ги извиткате, пред да ја ставите маскарата.
- Никогаш не ги фрлајте старите работи! Јас никогаш ништо не фрлам. Од каде да знам, може утре нема повеќе да ги произведуваат, вели Кејт.
- Без фактор 50 никаде! Ова е основно правило доколку се грижите за вашата кожа.
- Никако претемен тен! Не претерувајте со сончањето, изгледа смешно.
