Здраво тело

Одморете напладне … корисно е !!!

Психолозите тврдат дека попладневната дремка го „убива“ заморот, го освежува организмот и помнењето и позитивно влијае на менталните способности.

Резултатите кои беа дел од истражувањето на Универзитетот Беркли укажуваат на тоа дека попладневниот сон има регенеративни ефекти врз човековиот организам. Научниците испитале 40 личности поделени во 2 групи, од кои првата практикувала попладневна дремка а втората не. Околу 14 часот сите учесници на истражувањето биле подложени на ментални испитувања, кои се однесувале на активноста на Хипоталамусот, подрачје во мозокот чија активност е зачувување на информации – памтење. Резултатите од тестирањето биле скоро идентични.

По тестирањето 1 група која требала да одмори била замолена да одмори околу 90 минути, додека втората група извршувала други различни активности. Покасно во денот околу 18 часот сите учесници на испитувањето повторно биле тестирани.

Резултатите биле зачудувачки. Имено оние кои одмориле 90 минути имале 100 процентно подобри резултати на менталните зададени задачи за разлика од оние кои за тоа време имале други активности.

Write A Comment