ШоуБиз

Ќе има уште една книга за Хари Потер!

Британската писателка JL Rowling работи на нова книга за јунакот кој ѝ донесе огромно богатство – Хари Потер.

За списанието „Sun“, таа изјавила дека веќе почнала да работи на енциклопедија за Хари Потер и дека сите приходи од продажбата на таа книга ќе одат во хуманитарни цели.

Писателката пред некое време изјави дека приказната за детето волшебник е заокружена и дека ќе нема повеќе продолженија, но кажа и дека можноста за нов роман не е воопшто исклучена.

–          Се чувствувам сјајно. Борец сум и се одлучив да им правам добро на луѓето. Оваа енциклопедија е еден од начините да се постигне таа цел, – бил нејзиниот коментар.

Write A Comment