Solanum tuberosum, попознат како компир, потекнува од Чужна Америка каде го употребувале во исхраната уште пред 7000 години. Шпанските истражувачи го донеле во Европа во 16 век, а се одомаќинил по целиот континент дури во 19 век.
Во почетокот на неговата примена на нашиот континтинент се сметал за храна за ниската класа. Биле потребни декади за да се прифати. Денес тој е дел од нашето секојдневно мени.
Компирот е богат со јаглехидрати, кои се најдобар извор на енергија за целиот ден. Богат е и со влакна кои се здрави и потребни за правилна функција на цревата. Има голема количина на витамин Ц и калиум, кои се потребни за секојдневните функции на целиот организам. Во еден просечен компир има 0% масти, 0% холестерол, 0% натриум, 9% јагленихидрати, 2% влакна, 8% шеќери, 3% протеини, 0% витамин А, 45% витамин Ц, 2% калциум, 6% железо, 20% калиум, 5% вода.
Компирот е првиот зеленчук кој е гаен во свемирот. Свежиот компир е добар за изгореници и рани. Сокот од компир е добар за црвенило на лицето, намалување на подочниците, го намалува опаѓањето на косата…
