Доколку не можете да одолеете на чоколадото, имаме добри вести. Од сите благи задоволства, највкусното од сите, неговото величество чоколадото нуди огромни користи кои одат во полза на Вашето здравје.
Ова првенствено се однесува на црното чоколадо.
Се прашувате како е можно???
Следува одговорот !!!
1. Го намалува крвниот притисок и ја подобрува работата на крвните садови, ефектот е поголем доколку консумирате чоколада кои содржат голема количина на какао.
2. Помага во процесот на слабеење, Вие побргу слабеете благодарение на антиоксидансите кои го забрзуваат Вашиот „заспан“ метаболизам.
3. Го подобрува расположението. Додека јадеме чоколадо нашиот мозок испушта ист хормон како кога сме вљубени, а тоа е серотинот хормонот на среќа.
4. Здрава кожа. Црното чоколадо е вистинскиот елексир на младоста. Редовното консумирање во мали количини ( 8 коцки на ден ) и Вашата кожа ќе биде нежна како свила и заштитена од УВ зраците.
5. Ги зголемува когнитивните способности. Црното чоколадо влијае врз работата на мозокот, го подобрува протокот на крв низ мозокот а со тоа Вашиот мозок е секогаш спремен за предизвиците на денот.
