Здраво тело

Босилок – царев цвет

Босилокот е билка која која потекнува од Индија, била употребувана уште пред 5500 години, а во стар Рим била донесена во времето на Цезар од страна на монасите, каде била ценета како лековита билка.

Со него се сретнуваме уште од најмали нозе. Не прати од почетокот на нашиот живот. Затоа многу народи го нарекуваат царев цвет. Православната црква и многу други токму на него му ја препишуваат боженствената моќ.

Босилокот го користиме како лек, но и како зачин. Го користиме во свежа и сува состојба. Содржи многу лековити супстанци како што се: билни влакна, етерични масла, камфор, метил-кавикол, минерални соли, цинеол…

Бидејќи е лековит може да го користите при: акни, анксиозност, астма, болести на мочните канали, екзем, несоница, нервоза, отворени рани, проблеми со циркулацијата, стрес…

За да ја намалите кашлицата сварете чај од босилок и засладете го со лажица мед.

Ако го користите како зачин во исхраната нема да имате проблеми со варење на истата.

Особено се препорачува на дијабетичарите.

Маслото од босилок е одлично за сушење на акните.

Облогите од свежи листови босилок може да помогнат раните побрзо да заздрават и при тоа да не се инфицира. 

Write A Comment