Менструалните грчеви може да бидат многу непријатни и болни. За да ги ублажите и спречите потребно е да знаете неколку едноставни трикови и да знаете кои намирници треба да ги внесете за да си помогнете.
Редовно вежбање
За да ги намалите или спречите менструалните грчеви треба да вежбате. Редовната физичка активност е задолжителна за лачење на хормонот ендрофин, важен за ублажување на болката.
Топол мокар пешкир
За да ги намалите болките, намокрете еден пешкир и убаво исцедете го вишокот од вода. Ставете го пешкирот во рерна да се стопли една минута. Така топол ставете го на долниот дел од стомакот. Топлите облоки ги намалуваат грчевите.
Пијте доволно течности, особено е добро да пиете чај од ѓумбир, нане, магдонос. Овие чаеви даваат брзи ефекти.
За да ги намалите болките и при тоа да го регулирате крварењето потребно е да внесувате магнезиум. Јадете храна која е богата со магнезиум или пак имајте шумливи таблети од магнезиум покрај себе.
Цимет, потребно е да внесувате цимет доколку имате проблем со менструалните грчеви. Ставајте го како додаток во исхраната или пак во чајот.
