Научниците објавија дека откриле агенс кој го блокира HIV вирусот кој би можел да се користи како гел за намалување на пренесувањето на вирусот по сексуален пат.
ХОНГКОНГ – Кинеските научници денес ја објавија веста дека откриле агенс кој го блокира HIV вирусот кој би можел да се користи како гел за намалување на пренесувањето на вирусот по сексуален пат.
Станува збор за молекулот TD-0680 која го оневозможува вирусот на сидата да навлезе во клетките на човекот, истакнуваат научниците од универзитетот Нанџин во Хонгконг и шангајската компанија “Targitdrag”, пренесува AFP.
Директорот на Институтот за сида при Хонгоншкиот универзитет Дџивеј Чен,истакнува дека со употребата на микробицидот во форма на гел кој би го содржел TD-0680 луѓето покрај кондомот би добиле уште едно алтернативно средство за заштита од заразување со HIV вирусот.
Се покажало дека TD-0680 е неколкупати помоќен против HIV вирусот отколку еквивалентното средство “maravirok”, кој го произведува компанијата “Fajzer” и е одобрен од Управата за храна и лекови на САД (FDA).
Сексот без заштита во Кина се смета дека е одговорен во 90 отсто случаи на инфицирање со HIV вирусот.
