Не постои подобар избор, од вереничките прстени на моделите на Tiffany. Тие се безвременски, прекрасни, нешто што се одржува со генерации. Ако се решавате на венчавка , а не сте одбрале прстен, овде се 7 класични модели на прстени, кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.
Tifany legacy
цена: 14,900$

инспириран од периодот на времето на Едвард, овој класичен прстен симболизира сјај и нежност… Комбиниран со фасетирани дијаманти кои се поставени во рамномерни лежишта. Централниот дијамант може да варира во големината, од 0,3 до 2,5 карати.
Tiffany novo
цена: 13,700$

ова е многу постојан класично-модерен прстен. Централниот камен е фасетиран и има каратажа од 0,3 до 2,5.
Tiffany embrace
цена: 13,300 $

Прекрасно! Овој прстен се карактеризира со округло брусен фасетиран дијамант. Централниот дијамант може да биде помал до пола карат, или поголем до 2,5 карати..
Tiffany Grace
цена: 10,900$

Не постои ништо по класично, од прстенот на фасетите на овој модел.
со венец од округли мали фасетирани кружни дијаманти, средишниот фасетиран дијамант во облик на коцка, дава нота на перфекција и гламурозна едноставност. Каратите на средишниот прстен варираат од 0,25 до 2,5 карати.
Tiffany Etoile

овој прстен се карактеризира со едноставност и уникатност. Во округол обрач е сместен дијамант од 0,25 до 1 карат. Бројот на дијамантите вградени во прстенот можат да варираат од 1 до 3.
Tiffany Soleste
цена: 4,200$

многу сјај и блескавост, со фасетиран , округло брусен кабошон, дијамантот е опкружен со многу мали ситни дијамантски фасетирани камења, сите се округло брусени и фасетирани. Тоталната каратажа е само пола карат, но сјајот прави да изгледаат многу повеќе карати.
Tiffany Lucinda
цена: 12, 900 $

со каратажа од 0,3 до 2,5 карати, овој централен камен е ексклузивен примерок со карактеристики на брилијантност и беспрекорен стил, уникатност и елеганција.
