Доколку посегнувате по лекови кога ќе Ве заболи главата или имате менструални болки или болки во мускулите, знајте дека постојат многу природни и поефикасни начини да ја победите болката.
Еве неколку од нив …
Џумбир
Истражувањата покажаа дека џунбирот благодарение на антиоксидантите кои ги содржи има влијание врз два типа на ензими во нашиот организам. Се препорачува на луѓе кои имаат болки во коските и мускулите, а го намалува и интензитетот на менструалната болка многу подобро од сите апчиња против болки… но само доколку се јаде 3 до 4 дена пред менструацијата.

Ананас и папаја
Овие тропски овошја содржат голем процент на ензими кои влијаат врз самиот извор на болката во телото. Можете да ги јадете свежи но и да направите вкусен свеж сок. Во секој случај олеснете ја секоја хронична болка на Вашето тело.

Кокосова вода
Најчестата причина за болка во организмот е дехидрацијата. Според тоа оние кои имаат чести болки во пределот на главата, мигрена… се препорачува да пијат кокосова вода. Кокосовата вода е најдобриот природен извор на калиум, а калиумот пак е најдобриот природен елемент кој ја враќа правилната хидрираност на вашето тело, а со тоа и скоро моментално поминување на болката.

Кисели вишни
Независно дали патите од хронични болки или моментални болки, се препорачува да јадете кисели вишни или да пиете сок од кисели вишни. Вишните се богати со fitonutritijentim растителни влакна кои помагаат при намалување на воспалителни процеси. Киселите вишни многу брзо ја смируваат болката во мускулите по напорен ден или вежбање.

Искористете ја природата и болките ќе исчезнат…
