Здраво тело

Зошто имаме ноќни кошмари ???

Ноќните кошмари не се само незгодно доживување кои го доживуваме кога спиеме. Честото сонување на лоши сништа може да придонесе до акутна несоница а со самото тоа е здравствени проблеми. според тоа луѓето кои често имаат кошмари можат да развијат страв од спиење и страв од ноќ кои несвесно ќе ги прати целиот живот.

Иако не постои општо познат лек кој најдобро делува против несоница и кошмари, постојат одредени востановени причинители на ноќните кошмари. Со нивното избегнување со поголема веројатност можеме да го намалиме сонувањето на кошмарни соништа.

1. Зачинета храна

Истражувањата покажаа дека луѓето имаат многу полош сон доколку јадат зачинета храна или посолена храна од вообичаеното. Зачинетите оброци ја подигаат телесната температура, го оставаат мозокот буден и го пореметуваат сонот, а со самото тоа и појавувањето на кошмарите.

2. Мрсна храна

Експертите се едногласни во ставот дека, што помрсна храна консумираме толку се поголеми шансите за лош сон а со тоа и појава на кошмарни соништа. Утврдено е со испитување на 10.000 лица од кои 5000 јаделе мрсна храна а 5000 храна од растително потекло и риба. Победата за сонување кошмари ја понеле оние кои јаделе мрсна храна.

3.  Алкохол

Иако консумирањето алкохол помага за побрзо заспивање, во сонот ефектот на алкохолот проаѓа и тогаш се случуваат промени во мозокот. Имено откако ќе пројде пијанството и телото ќе се ослободи од алкохолот мозокот се буди и влегува во фаза на хипер активност додека спиете. Тоа придонесува за појава на кошмари.

4. Стрес и нервоза

Стресните и трауматични случувања се еден од најголемите причинители на ноќните кошмари. Тешките емотивни животни ситуации во дури 70 проценти од луѓето придонесуваат за појава на кошмари.

Write A Comment