Сите признаваме !!! Откако нешто ќе не заболи тек тогаш почнуваме да обраќаме внимание на тој дел на телото каде чувствуваме болка.
Тоа се случува и со стапалата. Освен тоа што се отежнува движењето, болките во стапалата болката се пренесува и на колената и грбот… и тогаш ситуацијата станува алармантна.
Затоа доколку почувствувате дека Вашите стопала се уморни Ви советуваме да ги направите следниве вежби.
1. Масажа со рацете. Цврсто трлајте ги стапалата до стегнати шаки. Повторете ги движењата по целото стапало 10 пати. Може да почувствувате болка но ќе мора малку да издржите бидејќи болката е всушност проблемот.
2. Опуштете ја петата. Со прстите на 2 раце опфатете ја петата, појако стиснете отприлика 10 до 15 секунди. Повторете ја оваа вежба 10-на пати.
3. Истегнете ги прстите. Фатете ги 2 по 2 ножни прста и раздвојувајте ги. Потоа секој прст извлечете го посебно но не прејако.
4.Измасирајте ги табаните. Истовремено со двата палци на рацете со мали кружни движења од петата до прстите убаво измасирајте ги табаните. Повторете ја оваа вежба 10-на пати.
