Здраво тело

Опасни бактерии во маскарата

ЗНАЕТЕ ли дека доколку иста та маскара ја користете подолго од три месеци и истата притоа непрописно ја чувате, можете да добиете сериозна очна инфекција? Всушност, иако и  самите производители не предупредуваат дека рокот на нивното траење е најмногу до три месеци, сепак повеќето припаднички на поубавиот пол нив ги користат подолго, занемарувајќи го фактот маскарите да бидат вистинско легло на бактерии.

Американски научници од неодамна тестираа голем број маскари од различни производители и утврдија дека дури 33 отсто од тестираните примероци содржеле бактерии. Кај повеќето од нив е забележано присуството на опасните стафилококи и стрептококи, а исто така и габички! За нивното присуство во влакненцата на четкиците секако дека не се виновни производителите бидејќи сите видови маскара содржат состојки кои , според тврдењето на повеќето производители, три месеци го спречуваат создавањето ширењето бактерии во маскарите. Значи, маскарата по истекот на тој рок маскарата веќе не е безбедна за користење. Понекогаш  треба и  порано, што треба да биде сериозно предупредување за дамите кои маскарите ги носат во чанта  и во летниот период, кога поради топлото таа лесно се растопува и нејзините заштитни супстанци побргу се разградуваат а бактериите забрзано се размножуваат. Затоа е корисно да се придржуваат на основните правила за чување и користење на маскарите.

– Задолжително да се чуваат на ладно и суво место, ако не во фрижидер тогаш тоа да биде во фиока во просторија која не е многу затоплена.

-Маскарата користете ја најмногу три месеци. Потоа заменете ја со нова и покрај тоа што не сте ја до крај потрошиле.

-На трепките не ставајте повеќе од два слоја. Во колку ставете повеќе слоја, можете да ги затворите лојните жлезди кои се наоѓаат должи ивицата на очните  капаци.

-Не ставајте маскара додека сте во автомобил! Според тврдењата на многу офталмолози, во нивната ординација многу често доаѓаат жени со сериозни оштетувања на рожницата и тешки инфекции на очите, бидејќи се обиделе да стават маскара во текот на возење или додека во која чекале на семафор.

Write A Comment