Здраво тело

Намирници кои ги јадеме и слабееме

Да ги изгубите вишокот на килограми не е дноставна работа. А уште потешко е да го сторите тоа, а при тоа да не му наштетите на здравјето. Имаме неколку совети за вас. Ако сакате да ослабете сторете го тоа на правилен начин, без да му правите шкови на организмот. Она што најмалку ви треба е изгладнување.

Јадете повеќе овошје и зеленчук, јадете храна која е богата со хранливи состојки. Избегнувајте ја храната која се подготвува со многу масло.

За да ослабете треба да го јадете следново:

Јогурт – колку што е можно пијте повеќе јогурт. Одлично ги топи маснотиите и ве заситува. Во секој оброк вклучете и по една чаша јогурт.

Јајца – тие делуваат на ист начин како и јогуртот. Заситуваат, немаат многу калории, а се прилично тешка храна. За да се сварат треба многу време, при тоа се согоруваат многу калории и сте заситени подолго време.

Лути пиперки – тие ја забрзуваат циркулацијата и ги топат мастите, ова е одлична вест за љубителите на лутото.

Фстаци – тие содржат совршен баланс на здрави маснотии, протеини и влакна. Оваа комбинација го забрзува метаболизмот, а воедно ви дава долготрајно чувство на ситост.

Ладна вода – таа е најдобар лек за жедта. На организмот му треба енергија за да ја загрее ладната вода, а со тоа се трошат калориите.

Зелен чај – пијте по две до три шолји зелен чај секој ден. Така ќе изгубите 50 калории, само со тоа што го пиете чајот.

 

Write A Comment