Од италијанските шпагети никогаш доста !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 главици кромид
1 парче целер
1 китка магдонос
25 грама сушен домат
2 домати
2 помали чешнина лук
Прстофат босилек
1 лажица сос од домат
50 милилитри бело вино
400 грама шпагети
Сол и бибер по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кромидот, лукот и целерот ситено исечкајте ги и пропржете ги на маслиново масло ( околу 5 минути ). Додадете го сечканиот магдонос, босилек и ситно сечканиот сув домат ( пред тоа ставете го во вода да отстои околу 3 часа), посолете, по желба додадете нешто луто. и пржете уште 10 минути.
Додадете ги ситно сечканите домати и лажичката доматен сос. Динстајте уште 5 минути. Потоа налиј те го белото вино и оставете се да се крчка уште 5 минути.
Шпагетите сварете ги на вообичаениот начин (al dente). Процедете ги и помешајте ги со сосот.
Уживајте !!!
